Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски оствари средба со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани

Денеска во Охрид бев домаќин на мојот колега, министерот за европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, сподели денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски.

Како што информираше македонскиот шеф на дипломатијата, со својот албански колега разговарале за одличните билатерални односи, унапредување на добрососедските односи, економска и трговска соработка.

„На средбата стана збор и за процесот на интеграција во ЕУ, партнерството во рамки на НАТО Алијансата и соработката на мултилатерален план, посочи Муцунски во својата објава на социјалните мрежи.

Двајцата министри денеска заедно присуствуваа и на отворањето на Генералниот конзулат на Албанија во Струга.

Како што истакна Муцунски, отворањето на Генералниот конзулат на Албанија во Струга претставува значаен чекор во насока на продлабочување на конзуларната, но и политичко-економската соработка меѓу двете земји.