
Денес официјално започнува со работа платформата „Македонска држава“, најголемата дигитална библиотека за македонското историско наследство. Платформата стартува со повеќе од 300 електронски книги, историски документи и истражувања кои опфаќаат над 150 години македонска историја, култура и поезија.
Зад иницијативата стои група млади ентузијасти кои вложиле значителен труд за собирање, дигитализација и систематизација на материјали од различни библиотеки, архиви, приватни збирки и јавни извори. Целта е македонската историја и култура да бидат зачувани и достапни за сите.
„Македонска држава“ е замислена како постојано растечка дигитална архива која ги поврзува истражувачите, учениците, професорите, новинарите и сите што ја негуваат македонската културна и историска традиција. Со редовно додавање нови содржини, платформата ќе се развива во богата ризница на знаење и колективна меморија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden