
Честитка по повод Денот на независноста, од име на Македонците во Албанија до сите сонародници каде и да се, упатија Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), македонските друштва „Илинден“ и „Преспа“.
Овој ден е симбол на долгогодишна борба на Македонците за самостојност, слобода и достоинство. На овој историски датум пред 34 години, Македонците храбро и достоинствено го заокружија својот стремеж кон независна држава, исполнета со слобода, суверенитет и иднина заснована на европски вредности и демократски принципи. Овој ден ни дава поттик и обврска да продолжиме да ја чуваме и градиме Република Македонија како силна, стабилна и просперитетна држава, дел од големото европско семејство, стои во честитката на МАЕИ.
Посакуваат „да ја славиме нашата заедничка историја и да го чествуваме нашето единство, идентитет и култура, каде и да се наоѓаме во светот“ и порачуваат дека „како Македонци во Албанија, и ние го делиме гордото наследство на нашата мајка татковина, стоејќи цврсто зад принципите за мир, соработка и интеграција“.
-8 Септември го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава, да е вечен овој голем ден, да го почитуваме и славиме. Овој историски ден, е симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ да го оствари својот вековен стремеж и да изгради независна и суверена држава. Нека ни е честит и вековит денешниот празник, нека е вечна нашата татковина, Република Македонија“, стои во честитката на Македонско друштво “Илинден“-Tirana.
Во честитката на МД „Преспа“ меѓу другото се наведува дека „како Македонци од Албанија гордо го славиме празникот на нашата мајка татковина“.
Со гордост и силна љубов кон татковината, го честитаме овој историски ден -симбол на слободата, достоинството и иднината на македонскиот народ. Нека ни е честит празникот! Да живее Македонија, стои во честитката.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden