
Десничарската партија „Алтернатива за Германија“ за прв пат на национално ниво изби пред конзервативниот блок CDU/CSU, покажува најновото истражување на „YouGov“, пренесува Deutsche Welle.
Според анкетата, доколку парламентарните избори се одржат в недела, за „Алтернатива за Германија“ би гласале 27 проценти од испитаниците – два поени повеќе отколку во август. Поддршката за ЦДУ/ЦСУ е 26 проценти, што е пад од еден поен.
Владејачката Социјалдемократска партија е убедливо трета со 15 проценти, а Зелените бележат пад на 11 проценти.
Партијата Левица добива 9 проценти, додека новоформираната Алијанса на Сара Вагенкнехт останува стабилна на 5 проценти – доволно за влез во Бундестагот.
Слободните демократи се на 4 проценти, што е под изборниот праг, и покрај малото подобрување од еден поен. Останатите партии заедно добиваат 4 проценти поддршка.
Истражувањето е спроведено врз 1.649 гласачи низ цела Германија, во периодот од 12 до 15 септември.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden