Трамп: Мораме да ја запреме војната во Газа

Американскиот претседател, најголемиот воен и политички поддржувач на Израел, продолжи со повик за прекин на војната во Газа, каде што израелската офанзива однесе над 65.000 палестински животи. – Мораме веднаш да ја запреме војната во Газа. Мораме да ја запреме, рече Трамп.

Мораме да постигнеме мировен договор. Мораме да ги ослободиме заложниците. Сакаме сите 20 да ги добиеме назад, додаде тој. „Мораме да ги вратиме веднаш. Ги сакаме и 38-те мртви тела назад“.

Трамп потенцираше дека Хамас „повторно одбива разумни понуди за мир“. Тој, исто така, ја повтори оценката дека признавањето на палестинската држава од неколку западни земји во изминатите денови е „награда“ за Хамас.