Мицкоски: Голема победа на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прогласи победа во поголемиот дел општини по вториот круг локални избори.

„Голема, голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ако некој се сомневаше, народот покажа дека Македонија е повторно твоја. Ви благодарам мој народе. Ова е заедничка победа. Ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина. Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме, неговите надежи и нашата заедничка татковина. „Секој глас е обврска и сериозно му пристапувам“, рече Мицкоски.