
Лидерот на опозициската Демократската партија, Сали Бериша, изјави дека партиските органи одлучиле да ја прекинат соработката со владејачките социјалисти во подготовката на новиот изборен закон и територијалната реформа.
Подобрувања во изборниот закон или територијалната реформа се неопходни, но, со чинот што го презеде Еди Рама, за да го избере Ендртит Шабани за Народен правобранител, откако опозицијата ги повлече потписите за негова поддршка, тој покажа дека секоја форма на соработка со него е едноставно фиктивна, едноставно фасада. Раководството на Демократската партија донесе одлука да прекине секаков вид соработка со криминалното мнозинство или псевдомнозинството. Еди Рама го потпиша крајот на оваа соработка, рече Бериша.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden