Расте политичката напнатост во Босна и Херцеговина

Расте политичката напнатост во Босна и Херцеговина. Според претпоставките напнатоста се очекува да трае се до претстојните парламентарни избори планирани за 2018 година. Додека од една страна односите меѓу трите конститутивни народи на Босна и Херцеговина поминуваат низ тешки денови и барања за нови пактови, од друга страна пак на дневниот ред повторно се најде препукувањето меѓу бошњачките политички лидери.

Политичката сцена на Босна и Херцеговина многу се разликува од политичките сцени на другите земји. Имено освен напнатоста меѓу владејачката и опозиционата партија, може да дојде и до напнатост меѓу самите коалициони партнери. Слична состојба беше доживеана на 26 јули 2017 година кога беше одбиен извештајот односно отчетот за работата на владата на Босна и Херцеговина за 2016 година. Партијата Сојуз за подобра иднина (СББ) чиј лидер е Фахрудин Радончиќ, покрај тоа што во својство на коалиционен партнер на владата контролира некои министерства, раководејќи се заедно со опозиционите партии, на гласањето обезбеди да се одбие извештајот за работата на Владата. По овој настан, почна да се дискутира легитимноста на владата која ја изгуби поддршката на собранието. Политичките набљудувачи истакнуваат дека претседателот на владата Денис Звиздиќ ја изгуби довербата на собранието, но дека и покрај тоа, како резултат на рамнотежата во дводомното собрание, нема да се дозволи да падне владата на Звиздиќ.

Денешната актуелна влада на БиХ и да се одржи до изборите, очигледно е дека нема да биде ефикасна во реализирањето на претстојните активности и задачи. Впрочем самиот Фахрудин Радончиќ лично изјави дека се расипа коалиционото партнерство со Партијата за демократска акција (СДА) чиј лидер е Бакир Изтбеговиќ и дека се спремни да се откажат од владата. На тој начин Радончиќ повторно ја започна битката со постојаниот ривал Изетбеговиќ и повторно ги интензивира реториките против Турција во медиумите.

Во последно време се почесто се забележуваат застој и конгестија и во собранието на Босна и Херцеговина, а не само во владата. Под изговор дека не бил доволно ефикасен во извршувањето на функцијата, Никола Спириќ на гласањето на собранието беше изземен од функцијата претседател на комисијата за надгледување на работата на разузнавачката служба СИПА. Врз база на тоа, лидерот на босанските Срби Милорад Додик и неговата партија Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД) почнаа да се откажуваат од сите функции и должности во собраниските комисии.

Во последните неколку недели Државната агенција за истрага и заштита на Босна и Херцеговина (СИПА) беше изложена на остри и интензивни критики на некои политичари, особено како што се Додик, Радончиќ и Драган Човиќ, лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ). Додик отиде толку напред што можеше да каже дури дека агенцијата СИПА наводно била непријателска организација. Човиќ агенцијата ја обвини за водење паралелни системи. Со одвојувањето на Никола Спириќ од функцијата, завршија и клеветничките кампањи против агенцијата СИПА. Случувањата со Спириќ предизвикаа нови тензии меѓу двата ентитети на земјата. Партијата на Додик  соопшти дека постои можност нивните приврзаници да се повлечат и од другите установи на државата. За жал изјавата на Додик повторно ја разгоре етничката и верска оцмраза во Босна и Херцеговина.

Односите меѓу Бошњаците и Хрватите во последно време не се баш сјајни. Како последица на предлог-законот за измени во законот за избори на Босна и Херцеговина, дојде до заладување на односите меѓу партиите на Бошњаците и Хрватите. Додека Бошњаците го спречуваат усвојувањето на предлог-законот, Хрватите бараат истиот да се усвои. Со пренесувањето на прашањето до уставниот суд, судот донесе одлука во корист на Хрватите. Како резултат на усвојувањето на предлог-законот од страна на долниот дом на собранието на БиХ, по се изгледа дека ќе продолжи бранувањето на односите меѓу Бошњаците и Хрватите.

Очигледно е дека процесот на политички пресметки во кој навлезе БиХ ќе трае се до изборите. Според анкетите кои беа спроведени меѓу граѓаните, Партијата за демократска акција на Бошњаците, партијата Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД) на Србите и Хрватската демократска заедница на Хрватите се најпреферирани политички партии. Што значи дека ако се земат во предвид сегашните услови, тогаш на претстојните парламентарни избори во 2018 година во БиХ не се очекуваат некои поголеми изненадувања. Евентуалните изненадувања можат да се доживеат на претседателските избори. Што се однесува до причината за тоа е фактот дека на претстојните претседателски избори Бакир Изтебеговиќ и Милорад Додик не ќе можат да се кандидираат за претседателски кандидати. Имено уште отсега владее голема битка меѓу евентуалните кандидати кои ќе ги заменат наведените лидери.