Македонската алијанса за европска интеграција: Среќна и успешна Нова година

Во името на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), до сите Македонци во Република Албанија, во Република Македонија и ширум светот, како и до сите граѓани на Албанија, упатуваме искрени честитки по повод Новата година.

Нека новата година донесе здравје, мир, лична и семејна среќа, успех и напредок. Со заеднички сили, единство и посветеност, да продолжиме да ги штитиме и унапредуваме правата, идентитетот, јазикот и културното наследство на Македонците во Албанија, како и европската перспектива на нашата заедница и држава.

МАЕИ и понатаму ќе остане посветена на борбата за еднаквост, демократија и европски вредности, во интерес на сите граѓани. Среќна и успешна Нова година! – стои во честитката на Македонската алијанса за европска интеграција.