Во рамки на проектот „Македонското малцинство во Пустец – наследство од генерација на генерација“, во Пустец се отвори изложба со фотографи од Преспа

Во рамки на проектот „Македонското малцинство во Пустец – наследство од генерација на генерација“, реализиран од Центарот „Казус“ со поддршка од Агенцијата за поддршка на граѓанското општество, во Пустец беше отворена изложба со фотографи од Роланд Бекирај.

Изложбата претставува визуелен мозаик во кој уметничката чувствителност се испреплетува со реалистичен пристап и суптилни тонови, со цел да се долови духот на Преспа и животот на нејзините жители.

Преку објективот на Роланд Бекирај, 30 фотографии донесуваат епизоди од секојдневието на македонската заедница во Пустец – портрети обликувани од времето, убавини недопрени од модернизацијата, величествени пејзажи со неповторлива убавина, како и елементи од традицијата и културниот идентитет. Делата ги отсликуваат и длабоките корени на ова историско наследство, кое восхитува во секој свој детал.

Изложбата пренесува силни емоции и доживувања преку една целосна, животна и автентична приказна, откривајќи ја нераскинливата врска на жителите од овој регион со нивната културна и историска припадност.