
Утре, 14 јануари во 12 часот во Клубот на пратеници ќе се одржи меѓупартиска лидерска средба на покана на премиерот Христијан Мицкоски.
На агендата се укинувањето на техничката влада, изборните реформи согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР и изборот на нов Народен правобранител.
Коалицискиот партнер во Владата, Вреди, ќе учествува преку Биљал Касами, додека најголемата опозициска партија предводена од Венко Филипче одби присуство.
Левица најави учество поради инсистирањето на една изборна единица, иницијатива поддржана и од ДОМ.
ДУИ донесе одлука да учестува на утрешната лидерска средба. Партијата ќе ја претставува лидерот Али Ахмети. На средбата Ахмети ќе објасни дали поддржува укинување на техничката влада.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden