
Фото: Македонски весник “Илинден”
Македонците од Македонската православна црковна општина „Свети Спас“ во Латцен–Хановер, Сојузна Република Германија свечено го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици. Оваа година, за првпат, празникот беше одбележан во дворот на црковната општина „Свети Спас“.
Најсреќен меѓу верниците што учествуваа во фрлањето на светиот крст беше Петар Зашев од Кочани, со живеалиште во Нордстемен, кој успеа да го извади крстот од осветената вода.
Организатор на настанот беше Македонската православна црковна општина „Свети Спас“ во Латцен–Хановер. Македонците од оваа црковна општина со години го одбележуваат празникот Водици, негувајќи ја православната вера, духовноста и македонската традиција далеку од татковината.







Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden