
Со двотретинско мнозинство, Собранието денеска го избра новиот состав на Државна изборна комисија. Од вкупно 92 присутни пратеници, 83 гласаа „за“ поранешниот министер за правда, кој беше и вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ да стане нов претседател на ДИК.
За потпретседател на Комисијата е избран Абдуш Демири, додека за членови на ДИК се избрани Александар Даштевски, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко, Ангелче Ристов и Дитмире Шеху.
За овие позиции беа пријавени вкупно 16 кандидати, меѓу кои најголем дел правници, но и кандидат со образование од областа на електротехниката, како и дефектолог.
Маричиќ во владите на СДСМ беше прво министер за правда, а потоа и вицепремиер за европски прашања.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden