Проданоски со верниците на одбележувањето на Св. Атанасиј во Големо Радобил

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на светата литургија во црквата „Св. Никола“ во село Големо Радобил, по повод големиот христијански празник Св. Атанасиј – Атанасовден.

Заедно со бројни сограѓани, Проданоски го одбележа празникот, упатувајќи честитки и желби за здравје, мир и благослов во секој дом. Тој истакна дека ваквите празници се важни за зачувување на духовните вредности, традицијата и заедништвото меѓу луѓето.

„Нека празникот Св. Атанасиј донесе здравје, мир и благослов во секое семејство. За многу години Атанасовден“, порача градоначалникот Проданоски.