
За разлика од Франција, Германија во моментов не планира да отвори генерален конзулат во Гренланд. Федералната влада веќе е претставена во Гренланд од почесен конзул“, соопшти германското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека отворањето конзулат не е планирано во овој момент.
Франција вчера објави дека отворила генерален конзулат во Гренланд, станувајќи првата земја од ЕУ што го сторила тоа. Претседателот Емануел Макрон уште лани во јуни го најави создавањето на генерален конзулат во Нук, потсетува германската агенција ДПА.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden