
Фото: Матица македонска
Во рамките на иницијативата „Подари книга, подари свет“ што издавачката куќа „Матица македонска“ ја почна пред неколку дена по повод 14 февруари – Меѓународниот ден на дарувањето книги, и со личен пример го поттикнува дарувањето како чин на развивање на љубовта кон книгата и како влог за овозможувањето пристап до книги за децата ширум светот.
Голема донација од книги на македонски јазик, објавени од „Матица македонска“, денес тргнува кон Измир, Турција, како донација за македонските иселеници – Турци, коишто доминантно се по потекло од историското Горно Врановци – местото каде што пред 82 години е објавен првиот број на првиот македонски дневен весник, „Нова Македонија“.
Во Друштвото на иселениците од Македонија „Егемакгоч“ во Измир, покрај иселеници што иако отселени во 1957 година сѐ уште со гордост го зборуваат македонскиот јазик, членуваат и нивните потомци – до најмладите генерации родени таму во 21. век. Нивна желба е и новите генерации да го научат и да зборуваат, читаат и пишуваат на јазикот на земјата од којашто потекнуваат – македонскиот, и љубовта кон него и кон Македонија да се пренесува од генерација на генерација.
Затоа, „Матица македонска“, во големата донација од книги вклучи дела од историски значајни македонски автори и современа македонска поезија и проза, но во најголем дел – збалахбу дела од македонската книжевност за деца, со цел, и децата во Измир со корени од Македонија, македонскиот јазик да го совладуваат
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden