Аргументум одбележува 7 години од своето основање

Платформата Argumentum.al денес одбележува седум години од своето основање, потврдувајќи ја својата позиција како релевантен медиум посветен на надворешната политика, геополитиката и аргументираната јавна дебата.

Основан со цел да создаде сериозен простор за анализа, критичко размислување и стручно мислење, медиумот низ годините изгради препознатлив идентитет заснован на независност, непристрасност и професионализам.

Во изминатиот период, платформата објави бројни анализи и осврти за клучните глобални и регионални случувања, придонесувајќи кон подлабоко разбирање на дипломатските процеси и меѓународните односи.

Од редакцијата истакнуваат дека и понатаму ќе останат доследни на принципите на интегритет, одговорност и посветеност кон вистината, со јасна мисија – да обезбедат кредибилен и аргументиран простор за јавна дебата.

По повод годишнината, беше упатена благодарност до сите соработници, аналитичари и читатели кои во изминатите седум години ја поддржуваа работата на медиумот и придонесоа за неговиот развој. Од редакцијата истакнуваат со нова енергија и јасна визија, Argumentum.al го продолжува своето патување.

Македонскиот весник “Илинден“ упати честитка до редакцијата на порталот Argumentum.al, изразувајќи поддршка и признание за неговата работа.