Владата на вчерашната седница одобри именување на девет нови амбасадори, кои во наредниот период треба официјално да стапат на должност. Станува збор за кадри од невладиниот сектор, искусни дипломати од МНР, како и поранешен министер.
Владата го именуваше Веле Трпевски за амбасадор на Македонија во Тирана, Албанија.
Веле Трпевски беше Амбасадор на Македонија во Албанија, а претходно и во Австралија. Владата ја утврди назначување амбасадори на Македонија во Албанија.
Моментално амбасадорот Веле Трпевски е директор на Директорат за организациони работи во Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
