
По реакциите на Македонците од село Требиште областа Голо Брдо, Општина Булќиза спроведе неколку интервенции во инфраструктурата и јавните услуги.
Во административната единица Требиште беше уреден и поплочен со чакал локалниот пат, со што се подобри сообраќајот и се обезбеди побезбеден и полесен пристап за жителите на областа. Дополнително, интервенирано е и на системот за јавно осветлување, кој претходно беше оштетен долж целата линија. По извршените поправки, осветлувањето е целосно ставено во функција.

Исто така, беше реализирана акција за чистење на отпадот што се таложел со години. Проблемот е решен преку организирана и наменска интервенција на надлежните служби.
Во оваа насока, се упатува апел до жителите да покажат одговорност и да не создаваат нови наслаги од отпад, бидејќи зачувувањето на животната средина е заедничка обврска која бара континуирана грижа и ангажман од сите.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden