
Најмалку 74 лица загинаа во Мексико, вклучувајќи и 25 припадници на Националната гарда, во операцијата во која беше убиен водачот на картелот „Ел Менчо“ и во насилството што следуваше, соопшти синоќа министерот за безбедност Омар Гарсија Харфуч.
Владините трупи се обидоа да го уапсат нарко-босот, чие полно име е Немесио Осегуера Сервантес, во западната држава Халиско во неделата. Осегуера бил ранет и починал додека со авион го пренесувале кон Мексико Сити, што предизвика насилна реакција од картелот.
Осомничени членови на картелот на Осегуера, „Нова генерација на Халиско“ (ЦЈНГ) палеа автомобили во неколку сојузни држави и блокираа бројни патишта. Тие исто така нападнаа банки, бензински пумпи и продавници.
Според владата, ситуацијата вчера била вратена под контрола, пренесе ДПА.
– Мексико е мирен. Се разбудивме без блокади на патиштата и сите активности се обновени – изјави мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум.
Хаосот предизвика загриженост за способноста на Мексико да биде кодомаќин на претстојното Светско првенство во фудбал, кое треба да почне во јуни. Вкупно 13 натпревари треба да се одиграат во Мексико Сити, Гвадалахара и Монтереј, додека останатите ќе се одржат во САД и Канада.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека САД „обезбедиле разузнавачка поддршка за мексиканската влада“, опишувајќи го водачот на картелот како „главна цел на мексиканската и американската влада, како еден од најголемите шверцери на фентанил во нашата татковина“.
Шејнбаум нагласи дека во операцијата учествувале само мексикански сили.
– Немаше учество на американските сили во операцијата. Она што го имаме е голема размена на информации обезбедени од владата на САД, но целата операција, од нејзината фаза на планирање, е одговорност на мексиканските федерални сили, рече претседателката.
Мексиканското министерство за одбрана соопшти дека осум членови на бандата биле убиени во Тапалпа, Халиско, за време на воената операција. Дополнително, безбедносните сили заплениле оклопни возила и оружје, вклучувајќи и ракетен фрлач кој може да собори хеликоптери или авиони.
Според извештаите на мексиканските медиуми, околу 20 од 32-те мексикански држави биле погодени од насилство по смртта на нарко-босот, вклучувајќи ги Халиско, Мичоакан, Агваскалиентес, Тамаулипас и Гванахуато. Неколку странски амбасади, вклучувајќи го и германското претставништво во Мексико Сити, апелираа до своите граѓани да бидат внимателни поради немирите.
„Ел Менчо“, поранешен полицаец, го предводеше картелот ЦЈНГ од неговото основање во 2011 година. Во мексиканското подземје беше познат како „Господар на петлите“ поради неговата страст кон борбите со петли.
Криминалниот синдикат што го предводеше Осегуера е транснационална организација со врски дури до Кина и Австралија. Покрај трговијата со фентанил, картелот е вклучен и во изнуда, шверцување мигранти, кражба на нафта и минерали, како и трговија со оружје.
Најнови вести од Свет
Велика Британија воведува санкции против „Транснефт“
Европски лидери го поздравија „нескршливиот дух“ на Украина (ВИДЕО)
Трамп вечер во Конгресот ќе говори за состојбата на нацијата
Раководителите на институциите на ЕУ изјавија дека ќе се погрижат Русија да сноси одговорност за војната во Украина
Нордиски и балтички лидери во Киев по повод годишнината од руската инвазија
Руте повика на „ефикасни безбедносни гаранции“ за Украина
Макрон вели дека четири години по почетокот на инвазијата на Украина, Русија не успеала „воено, економски и стратешки“
Ирански воен хеликоптер се урна во пазар во покраината Исфахан, четворица загинаа
Теми на денот
Стојаноски: Предлагаме намалување на платите на функционерите за до 13.000 денари
СДС втор ден во ТРАОР од Груби, си живее во филмот на „распупеното“ судство на Заев
Следува одговорност, Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал
Трипуновски: Подготвуваме стратегија за оризопроизводство и редефинирање на откупот на оризова арпа
Раичевиќ за Топ Тема: Кандидатурата на Ристоска отвора прашања за објективност и можен судир на интереси
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
Владата на холандскиот премиер Јетен стапи на должност
Ѓорѓиевски: Следуваат крупните капитални проекти, скопјани заслужуваат модерен и достоинствен град
ФОТО: МАМА МИА – Дилета Леота не мирува во бременоста, тесните фустани пукаат од облините на згодната водителка
Мaрт за 3 знаци од хороскопот носи вреќи со пари
КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Како поради Панче Тошковски и Весна Јаневска станавме нација со дебели стомаци!?
Раководителите на институциите на ЕУ изјавија дека ќе се погрижат Русија да сноси одговорност за војната во Украина