
Вториот том од книгата „Македонци“ на Бранислав Светозаревиќ, насловен „Сведоштва за идентитетското име и јазикот (1453-1944)“, вечерва се промовира во Музејот на македонската борба за самостојност.
Станува збор за значајно дело посветено на македонскиот идентитет, историското паметење и духовната вертикала на македонскиот народ. Книгата претставува продолжение на првиот том, кој беше преведуван и објавуван во повеќе земји, а во новото издание се презентираат дополнителни докази, сведоштва и научни согледувања за постоењето и континуитетот на македонскиот идентитет низ историјата.
На промоцијата, покрај авторот се обратиа и Стојко Стојков, Михајло Миновски и Никола Жежов, кои ќе ги споделат своите осврти за значењето на делото.
Настанот беше отворен за јавноста и привлече внимание од академската и културната јавност, како и од сите заинтересирани за прашањата поврзани со македонската историја и идентитет.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden