
Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упатува најсрдечни честитки до сите Македонци по повод 24 Мај – Денот на семакедонските и сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
Денеска го чествуваме нивното епохално дело и цивилизацискиот триумф во ширењето на словенската писменост. Светите браќа се исклучителни личности чија визија и дејност го поставија фундаментот на нашата култура, духовност и образование.
Како Македонци од Албанија, ние сме горди наследници на нивната благородна мисија. Во срцето на нашето опстојување останува заветот силно да го чуваме, негуваме и пренесуваме на идните генерации македонскиот јазик, богатата култура и вековните традиции. Чувајќи го својот мајчин јазик, ние директно придонесуваме кон културниот мозаик и европските вредности на соживот и диверзитет.
Нека ни е честит и вековит 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј!
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden