
На 29 мај 2026 во Водениот парк „Дрилон“ се претвори во голема сцена на традицијата и културата, пречекувајќи го првото издание на Националниот детски фолклорен фестивал „ФолкКид“.
Во оваа манифестација учествуваше и Македонската фолклорна група „Преспа“ од Општина Пустец која настапи во народни носии и изведе традиционални македонски ора од Преспа.
На фестивалот учествуваа 12 детски фолклорни групи од Албанија, Македонија и Косово претставувајќи ги пред публиката автентичните ора, традиционалните песни и народните носии карактеристични за нивните региони. Детските настапи создадоа свечена и исполнета атмосфера, сведочејќи за богатството и разновидноста на културното наследство на народите од регионот.
Преку изведбата на народни ора и песни, учесниците испратија порака за важноста од зачувувањето на националниот идентитет и културното наследство, покажувајќи дека традиционалните вредности продолжуваат да живеат и гордо да се пренесуваат на новите генерации.
„ФолкКид“, фестивал организиран од Окружниот совет на Корча, има за цел да прерасне во годишна традиција, создавајќи простор за промоција на фолклорот и за зближување на децата од различни региони преку уметноста и културата.
Организаторите го пофалија учеството и високото уметничко ниво на фолклорните групи, нагласувајќи ја важноста на ваквите иницијативи за зачувување и промоција на духовното и културното наследство.


Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden