
Премиерот на Молдавија, Александру Мунтеану денеска поднесе оставка од функцијата, што ќе доведе до распуштање на Владата.
Денеска завршува мојот мандат како премиер. Во моментот кога сфатив дека повеќе не можам да го извршувам мојот мандат во согласност со моите принципи и верувања, решив да се повлечам, објави 62-годишниот Мунтеану на платформата Икс.
Мунтеану беше именуван за премиер во ноември 2025 година откако Партијата за акција и солидарност (ПАС), на претседателката Маја Санду, убедливо победи на парламентарните избори во септември минатата година.
Санду сега треба да одржи консултации со парламентарните партии, а потоа да именува кандидат за премиер.
Молдавија е лоцирана помеѓу Украина и Романија, и е земја-кандидат за членство во Европска Унија. Мнозинството од населението зборува романски, додека големо малцинство зборува руски јазик. Политичката моќ со децении флуктуира помеѓу партиите што поддржуваат поблиски врски со Европа и оние што бараат подобри односи со Москва.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden