Православните верници го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица

Православните верници во Албанија, како и во сите православни цркви и земји каде што празниците се одбележуваат според новиот календар, денес, 15 август, го празнуваат еден од најголемите христијански празници – Успение на Пресвета Богородица.

По тој повод, во православните храмови низ земјата се одржуваат празнични богослужби и Свети Литургии, а верниците се собираат во молитва и ја оддаваат почитта кон Пресвета Богородица.

Празникот е посветен на упокојувањето и прославувањето на Мајката Божја, која во православната традиција зазема посебно место во животот и верата на христијаните.

Македонски весник “Илинден” на сите православни верници им го честитаме празникот Успение на Пресвета Богородица, со желби за здравје, мир, благослов и благосостојба во семејствата.