Амбасадорот Никовски: Отворањето партиски комитети од Македонија во Албанија оди во прилог на бугаризацијата на Македонците! (ВИДЕО)

Амбасадорот Никовски: Отворањето партиски комитети од Македонија во Албанија оди во прилог на бугаризацијата на Македонците!

Поранешниот македонски амбасадор во Албанија, Ристо Никовски, во гостување во емисијата „Гласот на народот“ на ТВ Вистел, предупреди на катастрофалните грешки што македонските власти ги прават во однос на македонското малцинство во Албанија.

Според Никовски, кој е одличен познавач на состојбите во земјата, Бугарија врши агресивни обиди за асимилација на Македонците, додека македонските институции наместо национална, водат партиска политика. Тој нагласи дека отворањето задгранични партиски комитети во Албанија директно ѝ оди во прилог на политиката за бугаризирање на Македонците.

„Македонците во Албанија не се дијаспора, туку национално македонско малцинство. Тие мора да соработуваат директно со македонските државни институции, а не со политичките партии од Македонија“, истакна Никовски.