
Заменик-комесарот на НБА, Марк Тејтум, потврди дека лигата е во завршна фаза од подготовките за новото натпреварување во Европа, кое ќе биде заеднички проект со ФИБА.
Се планира лига со 16 екипи, од кои 12 со постојано место, а четири ќе се квалификуваат преку европските натпреварувања и домашните првенства.
Според најавите, првиот квалификациски турнир би се одржал во јуни 2027 година, а клубовите би можеле да остварат профит уште во третата сезона.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden