
На 23 октомври 1893 година, во Солун, во домот на книжарот Иван Хаџи Николов, биле поставени темелите на Внатрешната македонско револуционерна организација (ВМРО).
Шестмина визионери – Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев – го започнале организираното револуционерно движење со цел извојување автономија на Македонија.
Нивната храброст, решителност и пожртвуваност остануваат дел од македонската историска меморија и сведоштво за стремежот кон слобода и самоопределување.
Да го чуваме споменот за минатото, да ја почитуваме историјата и да ги пренесуваме нејзините пораки на идните генерации.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden