Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, г.г Јоан, учествува на Меѓународната средба за мир на тема „Разоружан и разоружувачки мир“ (Unarmed and Disarming Peace), која се одржува во Асизи, Италија, во организација на Заедницата Сант’Еџидио, од 25 до 27 октомври 2026 година.
Средбата се одржува по повод 40-годишнината од историската иницијатива што ја започна папата Јован Павле II во 1986 година. На овој меѓународен собир учествуваат поглавари и верски лидери од целиот свет, високи политички претставници, личности од културата, активисти за мир и претставници на граѓанското општество од 53 земји.
На 25 октомври 2026 година, средбата беше свечено отворена со порака од претседателот на Италијанската Република, Неговата Екселенција, г. Серџо Матарела.
Архиепископот Јоан ќе учествува како говорник на два форума во рамките на средбата, на кои ќе ги изложи темите: „Христијанското единство како патување кон Вистината и Мирот“ (православна перспектива) и „Современите маченици: сведоци на добрината“.
Завршната церемонија ќе се одржи на 27 октомври, на Долниот плоштад пред базиликата „Свети Франциск“ во Асизи, каде што ќе биде упатен глобален апел за мир.
Учеството на архиепископот Јоан претставува сведоштво за посветеноста на Православната Црква на дијалогот, христијанското единство и заедничките напори за градење мир меѓу народите и религиите.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
