Николоски: Со гасните интерконектори со Грција и Србија создаваме алтернатива на енергетската инфраструктура

Foto: Facebook/Hristijan Mickoski

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која учествува на Самитот посветен на отпорноста во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

На самитот, премиерот Мицкоски учествуваше на панелот „Отпорност како императив за севкупното општество“.

Во рамки на посетата, Николоски го потенцира делот инфраструктурните проекти преку кои Македонија се позиционира како енергетски и транспортен крстопат во регионот.

Посебен акцент Николоски стави на изградбата на гасните интерконектори со Грција и Србија, кои треба да овозможат поврзување со терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александруполи и алтернативни правци за снабдување со гас.

Предвидениот капацитет на гасното поврзување, според неговата објава, изнесува од 3 до 6 милијарди кубни метри годишно.