
Претседателот Бајрам Бегај, со декрет ја именуваше Есмералда Хасани за директорка на Државна разузнавачка служба (ШИШ), на местото на досегашната директорка Влора Хисени.
Хасани е правничка со студии во Милано и Брисел, а зад себе има професионална кариера поврзана со државната администрација, академските институции и управувањето со меѓународни проекти.
Во текот на својата кариера раководела со истражувачки институции, работела како советничка и шефица на кабинетот на министерот за дијаспора, како и консултантка во Кабинетот на премиерот.
Пред именувањето на чело на ШИШ, таа имала функција во Одделот за поддршка на оваа институција.
Според соопштението на претседателот Бајрам Бегај, врз основа на член 92, точка „ѓ“, и член 93 од Уставот, како и член 5 од Законот бр. 8391 од 28.10.1998 година „За Државна разузнавачка служба“, со предлог на премиерот, го потпишал декретот бр. 595 од 12.11.2026 година за именување на Есмералда Хасани на функцијата директорка на Државна разузнавачка служба.
Од кабинетот на преседателот информираат дека пред донесувањето на декретот биле спроведени сите законски постапки за проверка, предвидени за именување функционери на високи државни позиции.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden