
Израелската армија денеска соопшти дека го „неутрализирала“ командантот на военото крило на Хамас, Самир Махмуд Хасан Абу Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.
Израелската армија и израелската разузнавачка служба Шин Бет во саботата вечерта спроведоа операција во јужниот дел на Појасот Газа, при што го неутрализираа терористот Самир Махмуд Хасан Абу Јунис, командант на бригадата Рафа, дел од военото крило на Хамас, соопшти израелската војска.
Военото крило на Хамас ја потврди смртта на, еден од клучните команданти вклучени во планирањето на нападите од 7 октомври, Јунис.
Тој денеска беше погребан во присуство на голем број луѓе. Неговиот ковчегот беше прекриен со знаме на Хамас и со оружје.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden