
Фото: Aгенција за развој на инвестициите (АИДА)
Албанската агенција за развој на инвестициите (АИДА) и Агенцијата за иновации, научен и технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) на Македонија, потпишаа Меморандум за разбирање, со цел воспоставување заедничка рамка за меѓуинституционална соработка.
Меморандумот беше потпишан од г-ѓа Лаура Саро, извршна директорка на АИДА, и г-ѓа Даниела Димовска, директорка на ИНОВА, со што се поставуваат темелите за размена на искуства, експертиза и добри практики во областа на економскиот развој, промоцијата на инвестициите, претприемништвото, истражувањето и иновациите.
Соработката предвидува идентификување и развој на заеднички иницијативи и проекти, поддршка на малите и средните претпријатија, како и истражување на можностите за финансирање преку програмите на Европската Унија и новите меѓународни инструменти.
Овој меморандум отвора нови можности за зајакнување на институционалните врски и поттикнување на економската соработка меѓу двете земји.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden