Македонците во Пустец одбележан патронот на црквата Свети Архангел Михаил (ФОТО)

Македонците во Пустец, заедно со жителите од останатите населени места во општината, достојно и оваа година го одбележаа патрониот празник на црквата  „Свети Архангел Михаил“, кој го чествуваат како свој заштитник.

На празничната прослава присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Корчански Анастаси,на Автокефалната православна црква на Албанија кој заедно со верниците ја сподели радоста од чествувањето на овој голем христијански празник.

Утринската богослужба и светата Божествена литургија ги отслужи Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Корчански Анастаси заедно со отец Алексо Темелко и Отец Ропи Арѓири – свештеници кој служел во црквите во областа Мала Преспа, по што во црковната трпезарија беше организирана богата празнична трпеза за сите верници.

Прославата продолжи во духот на македонската традиција, со музичка програма, македонски песни и ора.

„Ја продолжуваме традицијата на одбележување на овој голем празник, посветен на Свети Архангел Михаил – водачот на небесните сили, чуварот на сите болни и заштитникот на Македонците во Пустец“, беше истакнато по повод празникот.

Црквата „Свети Архангел Михаил“ е обновена врз темелите на старата црква, која била урната во периодот на комунистичкиот режим.

Со присуството на митрополитот Корчански Анастаси и големиот број верници, уште еднаш беше потврдена силната поврзаност на Македонците во Мала Преспа со православната вера, македонската традиција и духовното наследство, кои со посветеност ги чуваат и ги пренесуваат на идните генерации.