
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи изјави дека Ормуската теснина нема да биде отворена додека не се исполнат условите поставени од Техеран, нагласувајќи дека Иран е подготвен за преговори и за копнена одбрана во исто време.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека Ормуската теснина нема да биде отворена додека не се исполнат условите поставени од Техеран, нагласувајќи дека Иран истовремено е подготвен за преговори и за одбрана на земјата.
„Нашиот став е јасен – додека не се исполнат барањата на Иран, прашањето за Ормуската теснина и нејзиното повторно отворање не се на дневен ред“, рече Аракчи за иранска новинска агенција.
Тој наведе дека посетите на катарски делегации на Техеран не се невообичаени, бидејќи посредниците меѓу Иран и САД редовно патуваат меѓу земјите и пренесуваат предлози и иницијативи.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden