
Кандидатот на Демократската социјалистичка партија, Мило Ѓукановиќ, прогласи победа на претседателските избори во Црна Гора. Тој наведе дека изборниот резултат е потврда за решителноста на Црна Гора да продолжи по патот на европски квалитет на живот и членство во Европската Унија.
Тој им заблагодари и на коалиционите партнери, кои, како што рече, покажале приврзаност кон неговата партија, со тоа упатувајќи порака дека се непобедлива коалиција. Според 100 проценти обработените податоци, Ѓукановиќ има 53,8 проценти поддршка од граѓаните, а неговиот противкандидат Младен Бојаниќ заврши со 33,5 проценти од гласовите.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden