
На ден 03. 06. 2018 година, Управата на МПЦО „Свети Наум Охридски“ од Виена, Австрија по повод големиот 25 годишен јубилеј од формирањето на Црковната општина приреди свечен прием со богата и пригодна културно-уметничка програма изведувана од нашиот државен Ансамбл на народни игри и песни Танец од Р. Македонија. На свечениот прием, покрај Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, присуствуваа и амбасадорката на Р.Македонија во Виена г-ѓа Василка Попоска Треневска и Директорот на Агенцијата за иселеништво г-дин Никола Шалваринов, како и многуброен македонски народ.
Агенцијата за Иселеништво на Република Македонија додели Благодарница на Македонската Црковна општина „Свети Наум Охридски“ во Виена-Австрија поради јубилејот 25 години посветеност во негување на Македонската култура, јазик и идентитет. Во свечената сала по повод овој јубилеј говореа Митрополитот Тетовско-Гостиварски г.Јосиф; Амбасадорката на Р.Македонија во Австрија-Виена г-ѓа Василка Попоска Тренеска; Преседателот на црковната општина Љупчо Домазетовски.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden