Германија: Зголемена активноста на турските разузнавачки служби

 

Германската Федерална канцеларија за заштита на Уставот изввести за зголемена активност на турските разузнавачки служби на германска територија, каде што растат и тензиите со турска заедница во пресрет на референдумот за проширување на овластувањата на турскиот претседател, јавува Танјуг.Односите меѓу Германија и Турција се на најниско можно ниво поради проблемот со турските политички собири на германска територија што имаа за цел да обезбедат поддршка од дијаспората за референдумот.

Претседателот на БфВ, Ханс-Георг Масен ја нагласи својата загриженост околу тензиите помеѓу Турците десничари во земјата и приврзаниците на Курдската работничка партија (ПКК).Постои опаност од судири помеѓу десничарите и приврзаниците на ПКК, поради тоа што постои огромен негативен набој во двете групи – рече Масен, не коментирајќи го притоа соопштението за прашањето околу шпионажата.

 

Advertisement