Адем Хоџа лидер на партијата „Единствена горанска партија“ од Гора упати честитка по повод Ѓурѓовден

По повод 6 мај, партијата „Единствена горанска партија“ испраќа честитки по повод по повод 6-ти мај Ѓурѓовден. Врз основа на нашата вековна традиција на Ѓурѓовден, 6 мај официјално се одбележува како Ден на Гора. Ова е наш празник со кој се надеваме дека ќе ни дојде повеќе радост, љубов и пријателство. Празникот што за Гора започнува на 5 мај со нашиот обичај Потка и трае скоро една недела, е празник со кој Горанците меѓусебно се запознаваат уште подобро  и празник со кој Гора цвета како убави цвеќиња. Овој цвет ќе трае вечно се додека не има нас.

„Каде и да си, за Ѓурѓовден дома да си“ е нашето мото кое не обврзува да ги зачуваме своите корени и особено нашата посебност. Ова се ретки денови на собирање и одмор за нашиот вреден и хуман народ. Како и минатата година, празникот ќе се одбележи и оваа година со посебно внимание поради пандемијата Ковид-19, која денес е присутна на целата планета. Затоа ја користиме можноста да апелираме нашиот празник да се слави во рамките на нашите семејства и најблиските роднини. Среќен и бериќетен Ден на Гораните! Нека е Аирлија! – стои во честитката потпишано од Адем Хоџа, Пратеник во Собранието на Косово и Преседател на Партијата „Единствена горанска партија“.