Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија во 3-та едиција на саемот за Текстил и Кожа во Тирана 

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија беше директната покана од страна на организаторот за учество на овој саем со национален штанд од 60м2. На свеченото отворање на саемот, директорот на Агенцијата, Беким Емини ги истакна можностите кои државата ги нуди и нагласи дека текстилната индустрија во моментов е втор сектор по големина, со вкупен износ од повеќе од 490 милиони евра во 2021 година, а исто така потенцираше дека од огромна важност е соработката и меѓусебното помагање помеѓу државите од регионот – први соседи.
На саемот учество земаа долгогодишни партнери Текстилниот кластер – ТТА и СИППО. Заедно ние ги реализираме сите активности кои се поврзани со промоција на текстилната индустрија, вклучувајќи подготовка за учество на саеми со национален штанд на меѓународни саеми, организирање на Б2Б средби, обуки и работилници за компании. Денес сме сите заедно на Expo City Albania со осум тексилни компании од Република Македонија производители на облека, етикети и машини за производство кои ќе имаат можност во текот на следните два дена да учествуваат на B2B средби и меѓународни конференции од меѓународни експерти
Advertisement