
Пожар од големи размери е регистриран во регионот на селото Дриз кај градот Фиер, поради опасност од ширење на огнот евакуирани се 11 семејства, има опожарени куќи, а блокиран е сообраќајот на делницата Ќафа е Кошовица-Цакран.
Според полицијата, пожарот избувнал во близина на “Азотик“ но поради ветерот брзо се проширил, во гаснењето на пожарот вклучени се противпожарни единици од неколку соседни градови на Фиер, специјалната полициска единица “Шќипоња”, припадници на армијата, како и два армиски хеликоптери. Досега нема извештаи за повредени, но неколку амбулантни возила се на различни локации, во случај на потреба.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden