
Одборот за мир официјално го објави прифаќањето на Албанија како член-основач на новоформираната меѓународна организација за мир и стабилност на глобално ниво.
Овој, како што се оценува, историски чекор е резултат на долгогодишната посветеност на Албанија кон заштитата и унапредувањето на демократските вредности, човековите права и територијалниот интегритет. Според Одборот за мир, членството на Албанија претставува значаен придонес кон зајакнување на мирот и стабилноста, како во регионот, така и пошироко.
Во објава на социјалната мрежа X, Одборот за мир наведува:
„Одборот за мир ја поздравува Албанија како член-основач на нашата растечка меѓународна организација.“
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden