
Опозициската Демократска партија поднесе кривична пријава против генералниот директорот на албанската државна полиција, Арди Велиу, како „директно одговорен за полицското насилство врз учесниците на протестите“.
Во пријавата до Специјалното јавно обвинителство, СПАК според демокатите Велиу се товари за пет крвични дела извршени во текот на протестите за убиството на 25-годишнот Клодјан Раша од страна на полициски специјалец и се бара негова суспензија до завршување на истрагата.
Велиу треба да одговара за злоупотреба на службената должност, вршење произволни дејства, попречување на правото на изразување, собирање и манифестирање, друга намерна штета и непреземање мерки за ставање крај на нелегалната состојба, стои во пријавата.
Од Демократската партија дообјаснуваат дека на СПАК му се доставени конкретни докази со кои „се потврдува дека по наредба на Арди Велиу, полицијата применила варварско насилство врз малолетници, дека насилно бил приведуван секој што се движел по улиците, без да биде дел од протестот“.
По убиството на младиот Раша на осми овој месец, во Тирана одржани се пет насилни протести,а за вечерва најавено е одржување на шестиот.
Партиите се оградуваат дека стојат зад протестите а премерот Еди Рама за тоа ги обвини актуелниот претседател Илир Мета и поранешпнот шеф на државата Сали Бериша, кои ги спореди со „терористите на Боко Харам,кои ги користат децата како бомбаши самоубијци“.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden