Албанската телевизија ќе емитува вести на црногорски јазик

Албанскиот јавен сервис ќе почне да емитува вести на црногорски јазик на втората телевизиска програма (РТШ 2), соопшти денеска Матицата на Црногорците. Вестите ќе се емитуваат двапати дневно, од понеделник до петок. Заслугата за тоа му припаѓа на претседателот на Унијата на Црногорците во Албанија, Маринко Цулафиц, кому Матицата на Црногорците му упати срдечни честитки и признание за макотрпната работа.

Advertisement