Албански совет за медиуми најостро го осудува нападот на Телевизијата Топ Ченел

Албански совет за медиуми најостро го осудува нападот на Телевизијата Топ Ченел каде беше убиен чуварот на зградата. Овој невиден напад уште еднаш ја покажува тешката положба на медиумите во Албанија, каде нивната безбедност не е загарантирана и каде криминалот има храброст да нападне дури и еден од најголемите медиуми во земјата.

Нападот на Телевизијата Топ Ченел не е напад само на еден медиум, туку на сите медиуми, дури и на јавноста што го следи тој медиум.

Албански совет за медиуми бара органите на прогонот што поскоро да го расветлат случајот за да ги изведат агресорите на правна одговорност, а воедно ги повикува и другите медиуми во земјава да се солидаризираат за да се даде што посилна порака за злосторството.

Advertisement