Амбасада на Република Македонија во Тирана: Информации за ПОПИС 2021

КОГА ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ПОПИСОТ?

Пописот на населението, домаќинствата и становите е редовна статистичка операција со која во редовни временски интервали (најчесто на десет години) се врши официјално пребројување на населението на територијата на земјата, од нејзините најмали географски територијални единици (за потребите на Пописот, т.н пописни кругови (ПК), до ниво на држава, заедно со дефинираните демографски, образовни, економски и социјални карактеристики на населението. Пописот на државјаните на Република Македонија, со престој во странство ќе се спроведе во периодот од 1 март – 21 април 2021година.

НАЧИН НА САМОПОПИШУВАЊЕ /САМОРЕГИСТРАЦИЈА

Самопопишувањето се врши преку пописната апликација до која може да се пристапи преку следниве веб-страници:

https://stat.gov.mk

https://popis2021.stat.gov.mk/default.aspx

https://census.stat.gov.mk

Самопопишувањето подразбира пополнување на пописната апликација од страна на самото лице кое е единица на попис. Податоците за домаќинството ги дава полнолетен член во домаќинството кому податоците му се најмногу познати, а за децата до 15 години, еден од родителите, посвоителот или старателот. Лицето кое ги дава одговорите за Пописот е должно на сите прашања да даде точни и целосни податоци. Клучот за спроведување на попишувањето е Единствениот матичен број на граѓанинот – ЕМБГ на лицето кое се попишува.

ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ ОД ПОПИСОТ

Личните податоци прибрани со Пописот претставуваат доверливи податоци и ќе се користат само за статистички цели. Тие подлежат на посебна заштита која ќе биде обезбедена во сите фази на реализација на Пописот (прибирање, контрола, внес, обработка и дисеминација), а во согласност со одредбите на Законот за Попис, Законот за државната статистика и прописите од областа на заштита на личните податоци.

РЕДОСЛЕДНОСТ ПРИ САМОПОПИШУВАЊЕТО / САМОРЕГИСТРАЦИЈАТА

За лицата, кои престојуваат сами во странство или престојуваат заедно со членовите  на нивните домаќинства/семејства, самопопишувањето се одвива по следниот редослед: Самопопишувањето, започнува со најава на веб-страницата на ДЗС на следните линкови:

https://stat.gov.mk

https://popis2021.stat.gov.mk/default.aspx

https://census.stat.gov.mk

Најавата / регистрацијата за самопопишувањето се врши само од странство – земјата во која лицето престојува (не може да се најавите/регистрирате од Македонија), а клучот за самопопишувањето е Единствениот матичен број на граѓанинот – ЕМБГ на лицето кое се попишува и неговата електронска адреса. По успешното најавување / регистрација, преку е_ маил порака, лицето се  известува за лозинката  на која  треба да се повика  за да може да започне со  самопопишувањето. По добивањето на верификацискиот код, пожелно е  истиот да се промени, т.е да се креира нова лозинка. По успешното логирање, може да се стартува со самопопишувањето, а апликацијата овозможува тоа да биде направено со избор на еден од понудените јазици, по избор на лицето кое се  самопопишува.

Пописната апликацијата  има седум (екрани) страни  кои се однесуваат на :

Адресни и идентификациски податоци – Екран 1;

Миграции – Екран 2;

Брачна состојба и етно културни карактеристики (етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик) – Екран 3

Образовни карактеристики – Екран 4

Економски карактеристики – Екран 5

Средства за живеење – Екран 6 и

Попреченост / инвалидитет – Екран 7

Пописната апликација по својата содржина (белезите за кои се прибираат податоци) е иста со пописната апликација што ќе се користи и  при попишувањето во земјата,  при што задолжително се применуваат технички и организациски мерки согласно со прописите од областа на заштитата на личните податоци.

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ЗА КОНТАКТ ВО ДИПЛОМАТСКО-КОНЗУЛАРНИТЕ ПРЕТСТАВНИШТВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО СТРАНСТВО И МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

Со цел успешно одвивање на процесот на само попишување, Амбасадата на Република Македонија во Тирана ќе биде на располагање за било какви прашања на нашите државјани околу целиот процес на телефонските броеви:

+355 4 2230 909 (редовна линија)

+355 69 275 4641 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

Министерството за надворешни работи исто така креираше телефонски броеви за контакт:

+389 75 268 732 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

+389 75 268 734 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

+389 75 268 745 (редовналинија, Viber, WhatsApp)

Advertisement