
Во просторите на македонски културно-информативен центар во Тирана, Амбасадата на Македонија во Тирана организираше прием за 8-ми септември денот на независноста на Македонија. Присутни беа и претставници на Македонско друштво “Илинден”- Тирана и од Македонска алијанса за европска интеграција.
Своје обраќање имаше и вршителот на должноста амбасадор на Македонија Љуфтим Спахиу.
Во чест на македонското национално малцинство во Република Албанија претставуваат важен дел од мултикултурната структура на Република Албанија придонесувајќи со својата историја, култура и традиција, организиравме прослава на 34-годишнината на независноста на Република Македонија. За нас 8-ми Септември е ден кога сништата стануваат реалност, кога народот решава да оди по свој пат, горди со надеж за подобра иднина. 34 години независност со многу предизвици, многу препреки и тешки одлуки. Пред 34 години на референдум решивме да бидеме независни затоа што ние така одлучивме; После 29 години од независноста станавме членка на НАТО; Веруваме дека во иднина ќе бидеме дел од европското семејство не поради други туку поради себе. Нека ни е честит 8 Септември – Денот на независноста – стои во објавата на амбасадата.





Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden