Амбасадорот на Македонија во Албанија, Марковски ќе ја претстави платформата за дипломатски активности пред собраниската Комисија за надворешната политика

Собраниската Комисијата за надворешната политика во Собранието на Македонија денеска ќе одржи седница, на која ќе бидат претставени платформите за дипломатски активности на амбасадорите на Македонија во Албанија, Косово, Катар, Кралството Данска, при Мисијата на Обединетите Нации во Женева и при Мисијата во Советот на Европа, Стразбург. Пред членовите на Комисијата платформата за дипломатски активности ќе ја претстави и амбасадорот Данчо Марковски при дипломатско-конзуларното претставништво во Тирана, Албанија.