
Потпретседателот на невладината организација „Вардар-МКД“ и адвокат Никола Ангеловски во Подгорица се сретна со државниот секретар за човекови и малцински права Астрит Хоџа.
За време на средбата, Ангеловски нагласи дека како здружение се благодарни на Министерството и на државниот секретар за поддршката што ја даваат во формирањето на Македонскиот национален совет во Црна Гора.
„Нашето здружение ја има поддршката и од Македонија и јас, како Македонец, сум горд на моето потекло, но и на фактот дека сум граѓанин и лојален граѓанин на Црна Гора“, нагласи Ангеловски.
Хорха нагласи дека министерството ќе продолжи да ги поддржува сите малцински народи во Црна Гора.
Angelovski: Ministarstvo dalo podršku u cilju osnivanja Makedonskog nacionalnog savjeta u Crnoj Gori
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden