Антикорупциска акција во Албанија: Приведен градоначалникот на Булќиза

По налог на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК синоќа приведен  е градоначалникот на албанскиот град Булќиза, Лефтер Ала.

Градоначалникот на Булќиза, Лефтер Ала  е уапсен од страна на државната полиција. Апсењето доаѓа по налог на СПАК, затоа што се товари за две обвиненија, за корупција и за злоупотреба на јавни тендери, наведува електронското издание на весникот “Коха јон”.

Според Топ чанел, приведени се и неколку други лица, сите вработени во општинската администрација,   а кои биле членови на комисијата за спроведување на тендерски постапки.

Неговото апсење се случува на два месеца пред локалните избори, на кои не криеше дека од жителите на оваа општина ќе ја бара довербата повторно. На последните избори беше избран како кандидат на владејачката Социјалистичка партија, наведува телевизијата.

Булќиза е познато рударско градче во близина на албанско – македонската граница на дваесеттина километри од Дебар.

 

Advertisement